Реформите во енергетскиот сектор продолжуваат

Bez autora
Sep 22 2013

Министерот за економија Ваљон Сараќини деновиве, на покана на министерот за енергетика на Литванија, Јарослав Неверович, учествуваше на состанокот на министрите за енергетика на ЕУ, како и на земјите кандидати за ЕУ. Како што соопштуваат од Министерството за економија, состанокот се организираше во рамки на претседателството на Литванија со Советот на ЕУ и е дел од активностите за реализација на приоритетите во енергетиката. Целта е земјите да работат континуирано за комплетирање на внатрешниот пазар за енергија на ЕУ во 2014 година, да се засили европската конкурентност и да се одговори на предизвиците со високите цени за енергија и трошоци. Една од главните точки беше интеграција на пазарите на енергија на земјите членки на ЕУ, преку нивно физичко поврзување, односно изградба на потребна инфраструктура и механизми за нејзина поддршка.

Реформите во енергетскиот сектор продолжуваатМинистерот за економија Ваљон Сараќини деновиве, на покана на министерот за енергетика на Литванија, Јарослав Неверович, учествуваше на состанокот на министрите за енергетика на ЕУ, како и на земјите кандидати за ЕУ.

Како што соопштуваат од Министерството за економија, состанокот се организираше во рамки на претседателството на Литванија со Советот на ЕУ и е дел од активностите за реализација на приоритетите во енергетиката. Целта е земјите да работат континуирано за комплетирање на внатрешниот пазар за енергија на ЕУ во 2014 година, да се засили европската конкурентност и да се одговори на предизвиците со високите цени за енергија и трошоци.

Една од главните точки беше интеграција на пазарите на енергија на земјите членки на ЕУ, преку нивно физичко поврзување, односно изградба на потребна инфраструктура и механизми за нејзина поддршка.

Меѓу главните заклучоци од состанокот е дека комплетирањето на пазарот на енергија треба да продолжи и понатаму преку поттикнување инвестиции во енергетскиот сектор и заштита на потрошувачите. Понатаму, дека потрошувачите треба активно да учествуваат на пазарот, со можност да управуваат со својата потрошувачка, преку можноста за инсталирање паметни броила.

Во дел од своето излагање Сараќини укажа дека во рамките на енергетската политика на Владата посебен акцент се поставува на обезбедување сигурност во снабдувањето преку поголема диверсификација на изворите. Максимално се искористуваат домашните извори, преку ревитализација на постојните и изградба на нови капацитети, а стратешка цел на Владата е да се поврзе со соседните енергетски системи и системите во регионот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik